Ален Ајверсон банкротирал
17.02.2012 11:32
| KumanovoNews
Легендарниот НБА играч Ален Ајверсон вчера прогласил банкрот, и имотот ќе му бидне замрзнат по наредба на судот во Џорџија.

Жалбата против кошаркарот е поднела златара каде што Ајверсон останал должен 855.000 долари.
Легендарниот играч на Филаделфија од својата дебитанстка сезона во 1996 година има заработено 154 милиони долари, не сметајки ги спонзорските примања.
Во последните недели е поврзуван со трансфер во Порторико, или враќање во НБА во тимот на Лос Анџелес Лејкерс.