Мени

Граѓаните можат да се пријавуваат за бесплатна вакцинација против сезонски грип

14.10.2026 16:32 | KumanovoNews

Заинтересираните граѓани од ризични групи може да се пријавуваат за бесплатна вакцинација против сезонски грип, која според најавите треба да започне во петок.

 

Граѓаните можат да се пријавуваат за бесплатна вакцинација против сезонски грип

Од Министертсвото за здравство соопштуваат дека со пополнување на апликацијата на следниот линк: https://vakcinacija.mk/mk/registration-flu, граѓаните се регистрираат за вакцинација директно во системот Мој Термин, по што согласно распоредот предвиден во планот за вакцинација, ќе добијат СМС порака со информација за точен датум и час кога треба да се вакцинираат на пунктот кој ќе го изберат при регистрација. 
 
Бесплатната вакцинација против сезонски грип е наменета за следните ризични групи: лица над 65 години, лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени, како и деца на возраст од 6 месеци до 5 години.
 
Вакцинацијата против сезонски грип е најефикасна мерка за превенција на грип, која спречува појава на потешки форми, компликации и смртен исход особено кај ризичните групи.