Андријана Будимир го засилува Металург
27.12.2012 10:02
| KumanovoNews
Андријана Будимир по пауза од шест години се враќа на ракометните терени, поранешната ракометарка на прославениот Кометал Ѓорче Петров ќе го засили тимот на Металург.

Андријана Будимир има богата ракометна кариера исполнета со многу успеси, има настапувано за Подравка, Шлагелсе и Астрок Сангунто.
Позната е по настапите во Кометал Ѓорче Петров, тим со кој ја освои европската титула.
Во последниот период Будимир работеше како тренер на младите категории.