АТП: Надал обезбеди пласман во четвртфиналето
15.02.2013 10:07
| KumanovoNews
Во осминафиналниот натпревар на АТП турнирот во Сао Пауло, светскиот рекет број 5, Рафаел Надал, успеа да го совлада домашниот тенисер Жоао Соуза.

Откако минатата недела загуби во финалниот натпревар на АТП турнирот во Чиле, Рафаел Надал на својот втор турнир по седумесечната повреда, го совлада Бразилецот Соуза со убедливи 6-3 6-4.
Со оваа победа, Рафа оствари пласман во 1/4 финалето на овој АТП турнир, каде што ќе се сретне со Французинот Берлок.
Доколку Рафа успее да го победи Берлок, тој во 1/2 финалето ќе се сретне со подобриот од дуелот помеѓу Алунд (Аргентина) и Воландри (Италија).