Државно друмско првенство во велосипедизам во Куманово
27.06.2015 14:40
| KumanovoNews
Во Куманово утре ќе се одржи државно друмско првенство во велосипедизам, во организација на Велосипедска федерација на Македонија, Општински сојуз на спортови и велосипедскиот клуб “Вело-М“.

Велосипедистите во 10 часот ќе тргнат од Градски кеј и ќе возат 55 км , на релација Куманово-Кратово-Жгури.
Жгури е место помеѓу Кратово и Пробиштип. Ќе има над 50 велосипедисти од цела Македонија, од повеќе клубови и ќе се натпреваруваат во сите категории - велат од Општинскиот сојуз на спортови Куманово.
За најдобите во сите категории ќе има медали и пехари.