Европско првенство за жени до 19 години
24.05.2010 07:38
| KumanovoNews
Од денеска па до 5 јуни, Македонија ќе биде домаќин на Европското првенство во фудбал за жени на возраст до 19 години. Натпреварите во двете групи ќе се играат на стадионите во Куманово и Скопје.

Денеска во Милано Арената со почеток во 13 часот ќе се одигра првиот фудбалски натпревар помеѓу екипите на Германија и Италија.
На стадионот на Милано ќе се одиграат и натпреварите помеѓу Англија и Италија на 27 мај и на 30 мај екипите на Франција и Македонија и еден полуфинален натпревар на 2 јуни.