Фајтери викендов ќе ја бранат титулата
14.12.2012 11:23
| KumanovoNews
Викендов во Македонска Каменица ќе се одржи поединечно државно првенство во бокс, на кое боксерскиот клуб „Фајтер„ ќе ја брани титулата од минатата година.

Куманово ќе го претставува ударниот тандем, најискусните боксери: Николче Митевски, Ибраим Мустафи и Џемаил Сакиповски и уште 5 боксери. Моментно Куманово е на трето место на табелата и има реални шанси да го завземе првото место и да ја задржи титулата.