Куманово спречи пресврт на Струмица
09.12.2012 14:45
| KumanovoNews
Кошаркарите на Куманово останаа непоразени по вчерашниот натпревар против екипата на Струмица. Натпреварот заврши со резултат 95:86.

Екипата на Куманово спречи пресврт на Струмица, која иако губеше и 17 поени разлика, успеја да поведе во почетокот на последниот период.
Тандемот Костовски, Луковиќ беа најзаслужни за победата на Куманово одкако беа клучни играчи во последната четвртина. Костовски постигна 29, Димчевски 23 а Луковиќ 21 поен. Кај гостинската екипа, Јањушевиќ постигна 25 поени, а Ефтим Богоев заврши со 17 поени.