Ново дерби во ракометното првенство
02.11.2012 10:42
| KumanovoNews
Ракометарите на Куманово во недела играат против екипата на Зомимак М од Струмица. После натпреварот против Тинекс пролет, ова е ново дерби соочување со првопласираната екипа на табелата.

Зомимак и Куманово се екипите кои заедно со Тинекс Пролет ќе се борат за највисок пласман на табелата, и влез во Плеј-оф. Зомимак има седум победи и еден нерешен исход, додека Куманово е трето со пет победи и еден нерешен натпревар. Куманово сеуште се наоѓа на третата позиција поради неколкуте натпревари помалку.
Натпреварот се игра во недела во салата Парк во Струмица со почеток во 18 часот.