Ракометарите го декласира Пелистер
19.11.2012 10:32
| KumanovoNews
Ракометарите на Куманово ја декласираа екипата на Пелистер издвојувајки убедлива победа во Спортската сала.

Победникот беше познат уште во првото полувреме одкако Куманово поведе во резултат 14:8. Убедливата игра на Куманово резултираше со водство од 29:16 на десетина минути пред крајот на натпреварот, за да се постави конечен резултат од 31:21.
Најефикасни кај домашните беа Б.Блажевки и Д.Георгиевски со 7 гола додека пак за гостите С.Дрогришки постигна 5 а Ф.Чурлевски 4 гола.