Ракометарите го започнуваат пролетниот дел од сезоната
22.02.2012 14:34
| KumanovoNews
Ракометарите на Куманово го продолжуваат натпреварите во Првата ракометна лига. Во сабота во 15:30 во Спортската сала во Куманово гостува екипата на Овче Поле која е директен конкурент за освојување на третото место која на нашиот клуб му носи пласман во Супер-лига.

Клубот и раководството ги повикуваат сите љубители на ракометот да бидат во Спортската сала во Куманово да ја дадат нивната подршка.
За пофалба е постигнатиот договор помеѓу ракометниот клуб Куманово и навивачката група Кумани, така да тие се враќаат на трибините да го бодрад клубот до крајот на сезоната.