×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Само ракометарките победија, сите останати екипи забележаа пораз овој викенд

    05.12.2022 12:48 | KumanovoNews

    Ракометарките на Куманово единствени имаа успешен викенд, додека ракометарите и кошаркарите кои настапуваат и во првата и во втората лига, забележаа нови порази. 

    Само ракометарките победија, сите останати екипи забележаа пораз овој викенд

    ЖРК Куманово забележаа победа над екипата на Гевгелија со резултат 21:22. Најефикасни на мечот беа Алмеида Андреза со 9 гола, Величковска Габриела постигна 7 гола а Матеа Чурлиновска имаше 12 одбрани. Со оваа победа Куманово се враќа на втората позиција во Супер лигата - Група А со 7 победи и 3 пораза, а пред нив е единствено Вардар со 8 победи и 1 загубен натпревар. Во следниот натпревар ракометарките го пречекуваат тимот на Скопје

    Ракометарите на Куманово уште во петокот го отворија колото и одиграа натпревар на гостински терен против шампионот Вардар 1961, каде што загубија со резултат 37-21. Следен дуел на ракометарите е во елиминационите натпревари од Купот на Макдеонија, каде што противник е Голден Арт КЛ7.

    По изненадувањето над лидерот на табелата Гостивар, кошаркарите на Куманово го забележаа шесттиот пораз во првенството, овој пат од тимот на Работнички. Конечен резултат на мечот беше 119-83. Шанса за победа, кумановчани ќе ја бркаат следното коло против тимот на ФМП Акадмија, со кој имаат ист скор од 2 победи и 6 порази.

    Второлигашот МКК Куманово забележа втор пораз во низа. Минатогодишниот прволигаш Ангели, беше подобар во рамките на осмото коло со резултат 67-60. МКК се наоѓаат на осмата позиција на табелата со 4 победи и 4 пораза.