Торус и Овче Поле на гостувања во Куманово
24.02.2012 13:38
| KumanovoNews
Кошаркарите на Куманово утре во 19:00 ја пречекуваат екипата на Торус СЦБТ. Натпреварот се игра во рамките на петтото коло во кошаркарската Супер-лига. Куманово се наоѓа на петтата позиција на табелата додека Торус е третопласиран.

Како увертира на овој меч, е дуелот на ракометарите на Куманово против екипата на Овче Поле кој се игра исто така во Спортската сала во Куманово со почеток во 15:30. Ова е битен натпревар за нашите ракометари бидејки играме против директниот конкурет за освојување на третото место кое води во Супер лигата.