×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Трето место на Фајнал фор за младинките на ЖРК Куманово

    12.05.2013 11:38 | KumanovoNews

    Вчера на гостински терен, младинскиот состав на ЖРК Куманово ја совлада екипата на Кожувчанка во Фајнал-фор турнирот со 14-18 (8-5) и го освоија третото место во првенството во младинска категорија.

    Трето место на Фајнал фор за младинките на ЖРК Куманово

    Домаќин на фајнал фор турнирот беше екипата на Кожувчанка, Штип која по поразот од екипата на Куманово го зазема четвртото место на турнирот.

    Првото место и припадна на женската младинска екипа на Металург, која ја совлада екипата на Вардар во финалето на фајнал фор турнирот со 17-18 (8-8).

    Со самото тоа што сме веднаш зад доминантните екипи на Металург и Вардар говори доволно за квалитетот на нашата екипа-изјави Габријела Трајковска капитен на екипата на ЖРК Куманово.

    Задоволни сме од прикажаната игра на младинките кои играа борбено и достоинствено го носеа дресот на Куманово- додаде капитенот.

    Не радува фактот дека женскиот ракомет во Куманово оди во нагорна линија. Овие ракометарки се наша гордост и наша иднина-изјавија од клубот.

    • Најдобар стрелец - Ампова Сара - РК Кожувчанка
    • Најдобар играч - Величковска Габриела - РК Металург Скопје
    • Најдобар голман - Серафимовска Матеја - РК Металург Скопје

    АЛЛ СТАР ТИМ:

    • Голман - Петковска Драгана - ЖРК Вардар СЦБТ
    • Пикер - Паневска Моника - ЖРК Куманово
    • Лево крило - Ампова Сара - РК Кожувчанка
    • Лев бек - Величковска Габриела - РК Металург Скопје
    • Среден бек - Симона Стојановска - ЖРК Вардар СЦБТ
    • Десен бек - Ананијева Викторија - РК Кожувчанка
    • Десно крило - Ристевска Сара - РК Металург Скопје