Убедлив пораз на Куманово во Софија
13.12.2012 19:09
| KumanovoNews
Кошаркарите на Куманово беа убедливо поразени на гостувањето во Софија од екипата на Левски со резултат 103:66.

Куманово на ова гостување играше без четворицата најдобри играчи Ивица Димчевски, Урош Луковиќ, Владимир Георгиевски и Дарко Станимировиќ. Левски започна убедливо, поведувајки со резултат 28:11, а на полувреме заминаа со резултат 57:34.
Рамноправно Куманово одигра во третиот од период, а убедливата предност ја направија на крајот од натпреварот.
Најефикасни поединци на натпреварот беа Марко Мариновиќ со 22 поени, а кај Куманово Костовски постигна 13 коша.