Урош Луковиќ и Немања Јелисијевиќ се играчи на колото
21.02.2012 11:58
| KumanovoNews
Центарот на Куманово Урош Луковиќ и поранешниот центар на овој тим Немања Јелисијевиќ се најдобрите играчи во четвртото коло од Супер-лигата.

Двајцата играчи успејаа да соберат по 40 МВП индекс поени.
Урош Луковиќ реализираше 26 поени со висок процент на шут од поле (10/13), а забележа и 13 скока од кои 8 офанзивни и 2 блокади.
Јелисијевиќ постигна 31 поен со 7 скока 2 асистенции и 1 украдена топка.
Во меѓусебниот дуел, Куманово триумфираше со резултат 98:92.
Минатата недела Милан Јањушевиќ беше играч на колото.