Урош Петровиќ потпиша за Куманово
16.09.2015 09:41
| KumanovoNews
По неуспешните трансфери на Бојан Радетиќ и Вил Реган, нов крилен центар во Куманово е Урош Петровиќ.

Тој е висок 206 центиметри и има 25 години. Минатата сезона играше за Нафт Абадан од Иран.
Американецот Вил Реган поради семејни причини го раскина договорот со Куманово, па Петровиќ е негова замена.