ЖРК Куманово со седма победа во Првата женска лига, први на табелата
Ракометарките на Куманово, успеаја да победат и во седмото коло од натпреварите од Првата женска лига, овој пат против екипата на ЖРК Гевгелија, со резултат од 36:17.ЖРК Куманово до сега нема ниту еден пораз од седумте одиграни кола, а со тоа го зазема првото место на табелата.

На крајот од првото полувреме, нашите ракометарки беа во водство со резултат 19:12, а во второто полувреме екипата на Гевгелија успеа да освои само 5 гола.
Постигнати голови на Куманово: Косановиќ, Пецанова 1, Трајковиќ 4, Боризовска 1, Јовавановска, Шарановиќ 2, Чокели 3, Сојчевска, Јанкуловска 4, Кипријановска 8, Наумоска, Краљевска 1, Радевска 2, Гичевска 4, Глигоријадис 2, Марковиќ 4.