Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Аднан Бислими е прогласен за најдобар полицаец, а Никола Богдановски го доби признанието за најдобар пожарникар за 2024 година, за професионално извршување на работите задачи во Куманово.
Аднан Бислими, вработен во групата за интервенција, кој меѓу другото смета дека младите треба да конкурираат и да се вработуваат во службата.
„Ќе порачам на младите дека треба да конкурираат полициската работе е одговорна, но ако се работи професионално нема од што да се плашат. Упатувам голема благодарност до старешинскиот кадар во СВР Куманово што ја цената мојата досегашна работа, и до колегите, без нив не би постигнал ваков успех“, потенцираше Бислими по добивањето на наградата.
По само 6 годишно искуство како пожарникар- спасител Богдановски го доби ова значајно признание.
„Имавме напорна 2024 година, учествуваме во акции и во други општини. Јас бев ангажиран за асистенција на пожарот на планината Серта, од неготинска страна. Следната година очекувам да има помалку работа. Се заблагодарувам на сите вработени во ТППЕ Куманово, посебно на командирот Деан Илиевски што ме избраа за најдобар пожарникар и на колегите од Трето одделение со кои сите интервенции ги извршувавме заедно“, истакна Никола Богдановски.
Свеченоста се одржа во Општина Куманово, а наградите ги врачи градоначалникот Максим Димитриевски. Тој нагласи дека ова е традиционален начин на оддавање на признание, а дека наградата се доделува во име на сите граѓани од општината. Ја потенцираше добрата соработка со двете служби во годината што изминува, а дека и пожарникарите и полицијата ревносно ипрофесионално ги извршувале своите работни задачи.
„Им се заблагодарувам за нивниот професионален ангажман и верувам дека ќе бидат пример за останатите нивни колеги во службата. Во наредната 2025 годинаим посакувам мир и благосостојба во нивните семејства и што помалку работа, но секогаш да бидат тука во функција и потреба на нашите граѓани“, кажа Димитриевски.
Потсети дека Општина Куманово секоја година има вложувања во делот на Територијалната противпожарна единица Куманово, и вети дека со тоа темпо и со истиот интензитет ќе продолжи и понатаму. Ова година ќе продолжат со напорите за дооформување на Доброволното противпожарно друштво.