Акцијата за чистење на православните гробишта ќе трае три дена, повик до граѓаните масовно да се вклучат
Aкцијата за чистење и уредување на православните градски гробишта во Куманово ќе се одржи во петок, сабота и недела, во период од 07:00 до 14:00 часот.
Од ЈП „Чистота и зеленило“ и Општина Куманово, ги повикуваат граѓаните кои имаат гробни места, масовно да се приклучат и да придонесат кон уредување на просторот.
„Екипите на ЈП „Чистота и зеленило“ ќе бидат задолжени за стазите за пешачење, просторот околу гробните парцели и заедничките површини, со ангажирање на сите расположливи ресурси, работна сила и механизација. Само со заедничко учество можеме да придонесеме гробиштата да бидат чисти, уредни и достоинствени. Ова нека биде заеднички чин на почит, одговорност и љубов кон нашите најблиски“, стои во повикот на организаторите.
Акцијата се организира пред верскиот празник Богородица, кој е на 28 август, кога граѓаните ги посетуваат вечните почивалишта на своите најбиски.