×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Бесплатни третмани за децата со посебни потреби во центaрот „Прогрес“ во Куманово

    07.03.2025 11:31 | KumanovoNews

    Здружението за лица со посебни потреби „Прогрес“, од Куманово, дава бесплатни логопедски, дефектолошки, психолошки и физиотерапевстки третмани за деца, и за лица до 18 години, со важечка Меѓународна класификација на фунционирање (МКФ).

    Бесплатни третмани за децата со посебни потреби во центaрот „Прогрес“ во Куманово

    „Центарот има најсовремена опрема за потребите на секое дете . Часовите ги спроведуваат стручни и лиценцирани лица, кои работат со децата за усвојување на интелектуални , моторни , когнитивни и комуникациски вештини. Развојот на фина и груба моторика , подобрување на концентрација и внимание, стимулација на говорно јазичен развој и развивање на емоционални вештини. Во состав на физикалната терапија, опфатена е рехабилитацијата на деца со инсуфициентен психомоторен развој. Се користат разни методи и практики, кои се реализираат низ процесот на рахабилитација. Освен класичните форми-разни видови на вежби и масажи, центарот е опремен со разновидни справи и помагала за спроведување на процесот на кинезитерапија и рехабилитација“, велат од Центарот.

    Здружението има склучено договор со Министерството за труд и социјална политика и е овластен лиценциран давател на услуги за целиост Североисточен регион.

    Сите третмани се бесплатни и се финасирани од страна на Министерството за труд и социјална политика. За првпат во општина Куманово има мултиетнички тим каде процедурите ќе можат да се извршуваат на македонски и албански јазик.

    Сите процедури ќе се спроведуваат во нашиот центар на веќе познатата локација ул. Моша Пијаде 117/1 - Куманово. Доколку сте заинтересирани или имате било какви прашања контактирајте не на следните телефонски броеви: 031/443-555, 072-232-422, 072-272-358.