Мени

Без струја дел од потрошувачите кај Автобуската станица во Куманово

08.01.2026 09:24 | KumanovoNews

Денеска дел од потрошувачите кај Автобуската станица во Куманово ќе останат без електрична енергија.

 

Без струја дел од потрошувачите кај Автобуската станица во Куманово

Според информација од ЕВН, поради планирани работи, прекин на снабдувањето со струја ќе има денеска (8 јануари) во периодот од 8:30 до 14:00 часот и тоа на следните локации: Автобуската станица, ресторанот „Парк“, бараките пред Автобуската станица, како и бензинската пумпа „Макпетрол“.