Мени

Без струја денеска и утре делови од Младо Нагоричане и Куманово

09.04.2026 08:18 | KumanovoNews

Прекин во снабдувањето со електрична енергија денеска ќе има во неколку маала во Младо Нагоричане, а утре во повеќе улици во градот.

 

Без струја денеска и утре делови од Младо Нагоричане и Куманово

Денеска, во периодот од 08:10 до 14:00 часот, планирани прекини ќе има во селото Младо Нагоричане, во маалите Беламарци, Еребичарци, Вуевци и Смилчинци.

Утре, од 08:30 до 13:45 часот, без струја ќе бидат улиците „Франц Розман“ и „Есперанто“, а од 08:45 до 12:45 часот „Вук Караџиќ“ и „Орце Николов“.

Во вторник, од 08:00 до 14:30 часот, прекин во снабдувањето со електрична енергија ќе има на улиците „Боро Прцан“ и „Милан Лисица“.