Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Жителите на кумановската населба „Пармакови ниви“ денеска ја блокираа изградбата на новиот пат кој е дел од железничкото поврзување на пругата Куманово - Бељаковце, незадоволни од сообраќајното решение низ нивната населба.
Тие протестираа затоа што дел од улицата и надвозникот кои поминуваат над пругата и ја поврзуваат населбата со Куманово се многу стрмни и тесни и ја загрозуваат нивната безбедност.
„Проблемот е што нагибот е многу голем. Нема да можеме да излеземе со автомобилите ни на лето, а не во зима. Дополнително нема тротоар и ограда, каде да се движат пешаците, децата кога одат на училиште. Најголем проблем е што свиокот на другата страна од андвозникот е под голем агол и не може да се сврти камион, пожарна“... велат жителите.