×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Бутнати дрвја и бандери, запалени жици на повеќе места во општината од вчерашното невреме

    05.08.2025 08:34 | KumanovoNews

    Вчерашниот дожд и ветер предизвикаа оштетување на дрвја и бандери, а предизвика и искрење и палење на кабли на повеќе локации.

    Бутнати дрвја и бандери, запалени жици на повеќе места во општината од вчерашното невреме

    Според Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК)  во изминатаото деноноќие на бројот 112 имало пријави од граѓани од Горно Којнаре за спуштена бандера со жици врз стрниште и од населбата Доброшане за силни искрења на жици на бандера.

    „На ул. Пионерска имало пукање на жици на бандера, ул.Никола Михајлов Брада - запален ормар на ЕВН, ул.Браќа Миладинови - запалени жици на бандера, село Режановце - запалени жици и прекин на ел.енергија, село Умин Дол - силно пукање и искрење на жици на бандера, ул.Доне Божинов - падната бандера кај Макпетрол. За сите дефекти информирана е ЕВН“, стои во објавата на ЦУК.

    Истовремено на регионалниот пат Куманво - Св Николе кај с.Орашац паднало дрво на коловозот, додека во населбата Средорек паднало дрво кај мостот на Липковка. Надлежните ги информирале „Македонија пат“ и ЈП „Чистота и зеленило“ да интервенираат.