Мени

Четири пожари на отворено вчера во Куманово

15.06.2026 09:35 | KumanovoNews

Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Куманово биле регистрирани четири пожари на отворено.

Четири пожари на отворено вчера во Куманово

Два од нив избувнале во населбата Перо Чичо, а по еден во Средорек и Лопате.

Според информациите од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Куманово, првата интервенција била од 15:00 до 17:00 часот на запалена сува трева во населбата Перо Чичо, на месноста Багрем Бања.

„Втората интервенција беше од 15:35 до 17:00 часот на улицата „6 Април“, каде што гореше бандера. Третата од 18:17 до 21:35 часот во селото Лопате, каде што пожарникарите гаснеа запалена сува трева, додека четвртата од 21:10 до 22:05 часот на улицата Средорек, каде што горешр ѓубре“, соопштија од ТППЕ Куманово.