Мени

Четиригодишно дете испило таблети, завршило на Ургентен

20.11.2025 14:12 | KumanovoNews

Четиригодишно дете од Куманово ноќеска завршило на Ургентен центар, откако испило повеќе таблети. Случајот во полиција го пријавиле лекарите. 

Четиригодишно дете испило таблети, завршило на Ургентен

„Ноќеска во 04:05 часот во СВР Куманово е пријавено дека во Ургентен центар Куманово за укажување на лекарска помош е донесено четиригодишно дете од Куманово, кое во домот испило повеќе таблети“, соопшти Кумановската полиција. 

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Од почетокот на годината регистрирани се повеќе случаи на труење на деца предизвикани од таблети, поради невнимание на родителите.