Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Подигање на квалитетот на здравствена заштите на пациентите, подобри условите за работа за лекарите и медицинскиот персонал, современа опрема и подобра екипираност , најави д-р Стефан Трајановски, кој денеска ја презеде функцијата директор на Општа болница Куманово.
Новиот директор вети дека ќе се вложи максимално и ќе ги преземе сите неопходни чекори за подобрување на здравствена заштите на пациентите и условите за работа во болницата.
„На прво место ќе биде организациската поставеност со цел да се искористи кадровскиот и просторниот потнцијал, заради поквалитетна здравствена заштита. За надоградување и проширување на капацитетите ќе треба помош од централната власт. Ќе се решаваат проблемите со амбулантскиот простор, кој сега не е искористен. Треба да се решат многу прашања заради поквалитена здрвствена заштита“, кажа д-р Трајановски, кој 20 години работи како хирург ортопед на Хируршкото оддление во Кумановската болница.
Д-р Трајановски вели дека планира да се набават и нови апарати, бидејќи Општа болница Куманово е од особено значење затоа што е на влезот на државата, и на двата коридори, а опслужува пациентите од целиот Североистоичен регион.
Трајановски доаѓа на местото на досегашната директорка Биљана Ивановска.