×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Да се тргне новата постојка-киоск од тротоарот спроти Градската џамија, бараат дуќанџиите

    30.04.2025 07:22 | Оливера Пешевска

    Станарите и сопствениците на дуќаните на ул. „11 Октомври“ спроти Градската џамија во Куманово, бараат да се отстрани новопоставената автобуска постојка и киоск од тротоарот пред нивната зграда, бидејќи им го покрива видикот и нема доволно простор за движење на пешаците.

    Да се тргне новата постојка-киоск од тротоарот спроти Градската џамија, бараат дуќанџиите

    Тие вчера протестираа и се обидоа да го спречат поставувањето на новиот монтажен објект, но не им дозволи полицијата.  

     

    „Не сме задоволни од постојката која ја намести Општина Куманово. Требаше да дојдат да нѐ прашаат дали може да се постави тука. Револтот е голем, бидејќи работата ќе ни падне, а ние плаќаме кирија, струја, плати. Не можат клиентите да стигнат до нашите дуќани, ни да се паркираат“, изјави Адем Ибраими, сопственик на пицерија на оваа локација.

     

     

    Граѓаните вчера потпишаа петиција која ќе ја достават до Општина Куманово, во која бараат да се врати старата постојка или да се постави помала, која нема им ја попречува работата и нема да пречи при движењето на пешаците .

     

    Од Секторот за комунални дејности објаснуваат дека автобуската постојка е поставена по договор со приватен инвеститор кој има концесија за стопанисување со системот за јавен превоз. Договорот предвидува поставување на 30 унифицирани киосци во Општина Куманово, со простор за продажба на билети и клупи за патниците.