Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Дарко Ристовски е нов претседател на општинската организација на СДСМ Куманово.
Тој е избран на конкурс кој го распиша партијата за нови претседатели во општините, откако целото раководство си поднесе оставка по поразот на парламентарните избори.
Ристовски вели дека првата задача ќе му биде формирање на партиските тела и избор на секретар, по што ги чека посветена работа на терен за анимирање и враќање на старото членство.
“Мојата основна задача ќе биде сплотување и враќање на единството меѓу членовите на партијата. Ќе настојувам новото раководство да биде спој на младоста и искуството, ќе вклучиме кадри кои досега се докажале во својата работа, но и нови членови кои имаат потенцијал да ги градат социјалдемократските вредности. Нашата заедничка цел е да го вратиме СДСМ на местото на кое му припаѓа - Куманово повторно да биде бастионот на СДСМ“, изјави Ристовски за Кумановоњуз.
Ристовски по професија е дипломиран економист и работи како раководител во Централниот регистар во Куманово.
Тој доаѓа на местото на поранешниот претседател Александар Арсиќ.