×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • (Видео) Дечиња од градинката Ангел Шајче засадија цвеќиња на Градскиот кеј по повод Денот на пролетта

    21.03.2024 14:33 | Оливера Пешевска

    На Градскиот кеј во Куманово, денеска дечиња од градинката „Ангел Шајче“ засадија цвеќиња и одржаа Еко базар по повод Денот на пролетта и Светскиот ден на водите. 

    Работен наслов беше "Реката убава мила, доколку е чиста поубава би била", организатор е воспитниот тим на клонот „Бубамара“, со поддршка на групите од објектите Детелинка, Развигорче и Кокиче.

    Настанот се организира по повод одбележување на 21 Март - Денот на пролетта , Денот на екологија и утрешниот Светски ден за заштита на водите. 

    „Преку овие и вакви активности децата учат. Тие им служат како патоказ како да ја сакаат и да ја чуваат природата и како да ја сакаат и чуваат водата, но и да научат како да станат идни лидери,  оние кои ќе донесуваат одлуки и ќе се грижат за секој од нас“, истакна допонителната заменичка министерка Јованка Тренчевска.

    Не случајно за одржување на ова активност е избран Градскиот кеј, покрај реката Кумановка затоа што во попладневните часови, викендите и слободните денови децата констатно се присутни тука, добро го познаваат просторот каде поминуваат време со родителите, семјството и другарчињата.

    „Сакавме да дадеме можност и децата да дадат свој придонес во подобро и поубаво Куманово. Пораката на децата е многу јасна- дека чистата природа е добра не само за децата туку и за целото население. Со своите активности што денеска ги организираат , целта на воспитниот тим на објект „Бубамара“ беше децата да ги потикнеме кон свесност, односно да ги навикнеме да бидат општествено одговорни кон својата средина, средината во која делуваат, живеат и се играат“, истакна Биљана Чунгурска.

    И музиката, украсите и маичињата на дечињата, како и целата манифестација беше во знакот на пролетта, цвеќињата, пчелките и бубамарите на задоволство на случајните минувачи, но и присутните родители и членови на семејствата на децата учесници.  

     

    (Видео) Дечиња од градинката Ангел Шајче засадија цвеќиња на Градскиот кеј по повод Денот на пролетта