Мени

Денеска и утре без струја неколку улици во градот и неколку маала во Младо Нагоричане

08.04.2026 08:30 | KumanovoNews

Прекин во снабдувањето со електрична енергија денеска и утре ќе има неколку улици во градот и неколку маала во Младо Нагоричане.

Денеска и утре без струја неколку улици во градот и неколку маала во Младо Нагоричане

Денеска, од 08:00 до 14:30 часот, без електрична енергија ќе останат корисниците на улицата „Милан Лисица“, дел од улицата „Боро Прцан“, дел од улицата „Србо Томовиќ“, како и ОУ „Толи Зордумис“.

Утре, во периодот од 08:10 до 14:00 часот, планирани прекини во снабдувањето со електрична енергија ќе има во селото Младо Нагоричане, во маалите Беламарци, Еребичарци, Вуевци и Смилчинци.