Димитриевски најави 30 инфраструктурни проекти во сите делови на градот
Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски, најави над 30 инфраструктурни проекти во наредниот периодот, во сите делови на градот.
                  На првиот работен ден во новиот мандат, вчера го посети градилиштето на улицата „Васко Карангелески“ во населбата Зелен рид.
„Сакам од овде да најавам во следниот период реализација на повеќе од 30 инфраструктурни проекти во различни делови на градот, со акцент на централно градско подрачје, големите урбани населби и урбано-руралниот дел во градот“, кажа Димитриевски.
Тој се заблагодари на граѓаните за дадената поддршка и вети дека ќе ја оправда со реализација на нови проекти, кои ќе придoнесат за развој на Куманово.


                  
                  
                  
                  
                  



