Димитриевски најави протестен марш во Куманово
13.07.2022 23:36
| KumanovoNews
Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски за утре најави протестен марш во Куманово против францускиот предлог. Протестот ќе започне во 19.30 часот на улицата Ленинова.
„Време е да го разбудиме партизанско во нас. Утре Куманово ќе маршира. Да маршираме заедно сите во име на Карпош, Еребица, Шабани, Перо Чичо, Фетак, Менков, Которка, Бузо, Нацева, Шајче и многу други наши предци кои ни создадоа држава, а овие денеска ја продаваат“, порача Димитриевски.
Тој ги повика сите граѓани без разлика на нацијата, верата и определбата да излезат во четврток во 19:30 часот во центарот на градот и да испратат порака дека се против прифаќањето на францускиот предлог.

