Дизелот поевтинува за 6,5 денари, бензините поскапуваат за пола денар
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 3,84% во однос на одлуката од 26.5.2026 година.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 6,50 денари. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 0,50 денари. Малопродажната цена на мазутот се намалува за 3,238 денари.
Од ноќва на полноќ максималната цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе биде 88 денари, 90 денари на ЕУРОСУПЕР БС – 98, а дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС ќе биде 85,50 денари. Цената на масло за горење-Екстра лесно 1 (ќе биде 87,50 денари, додека на мазутот 47,906 денари.
Во оваа пресметка земени се во предвид намалениот износ на акцизите за 2 денари.