Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Дизелот поскапува за половина денар, Екстра лесното масло за горење за еден денар, најголем пораст има кај Мазутот од 1,360 денари за килограм, одлучи РКЕ на последната седница.
Цените на безнините остануваат непроменети.
Највисоките малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт, изнесуваат:
- Моторен бензин - ЕУРОСУПЕР БС - 95 - 77,00 (денари/литар)
- Моторен бензин - ЕУРОСУПЕР БС – 98 - 79,00 (денари/литар)
- Дизел гориво - ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) - 69,00 (денари/литар)
- Масло за горење - Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) - 69,00 (денари/литар)
- Мазут М-1 НС - 43,933 (денари/килограм)
Нафтените деривати се покачени за 1,08 проценти во однос на претходно донесените одлуки. Тоа се должи на движењето на цените на горивата на референтните светски берзи.