Мени

Драгица Спасиќ нова директорка на ОУ „11 Октомври“

11.09.2023 09:07 | KumanovoNews

Драгица Спасиќ е изберена за директорка во Општинското основно училиште „11 Октомври“ во Куманово.

Драгица Спасиќ нова директорка на ОУ „11 Октомври“

Таа на функцијата стапува од денеска, а доаѓа на местото на досегашната  директорка Елизабета Костиќ на која и заврши вториот мандат.

Спасиќ е дипломиран професор по одделенска настава на Универзитет Св. „Кирил и Методиј“ – Скопје, и досега работеше во ООУ „Крсте Мисирков“.