Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Изградба на улица и тротоар на улицата 100, која го поврзува булеварот „Октомвриска револуција“ со „Моша Пијаде“ ги остави станарите на повеќе згради без вода за пиење.
„Екипите се на терен, се работи за извлечена, а не оштетена цевка и набргу ќе се врати во првобитната состојба. Не е голем дефект, очекуваме за многу кусо време водоснабдувањето во тој дел на градот да се нормализира“, истакна Бобан Петрушевиќ, од ЈП „Водовод“.
Екипите на комуналното претпријатие работат и на санирање на дефектот на улицата „Иво Лола Рибар“ (Скопски дуќани), но пречка е сообраќајот, особено зголемената фреквенција поради празниците.
„Ставивме препреки, за да не паркираат, но ги тргнале и повторно имаше возила. Мораше да интервенира и пајак- возилото за да можеме да започнеме со работа. Очекуваме и таму во текот на денот да завршиме со санација на дефектот“, објаснува Петрушевиќ.
Од претпријатието апелираат за трпение до граѓаните, со ветување дека ќе сторат се што е во нивна моќ за жителите од овие делови од градот што побрзо да се нормализира водоснабдувањето.