Мени

Двегодишно дете испило бензин, трет случај на труење во Куманово за помалку од еден месец

20.08.2026 14:49 | KumanovoNews

Двегодишно дете синоќа  било донесено на Детското одделение во во Општа болница Куманово откако испило бензин.

 

Двегодишно дете испило бензин, трет случај на труење во Куманово за помалку од еден месец

Случајот во  СВР Куманово  го пријавиле околу 22:30 часот од Општа болница Куманово. 

Ова е трет случај на труење на мало дете во Куманово во последниот месец.

На 30 јули, двегодишно дете било затруено со средство за разредување боја. По укажаната лекарска помош во Кумановската болница, детето било пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за понатамошно лекување.

На 9 август, пак, во Кумановската болница било донесено двегодишно дете кое се затруло со лекови. По укажаната медицинска помош, детето било пуштено на домашно лекување.

И во двата претходни случаи и сега полицијата работи на расчистување на околностите под кои дошло до труењата.