×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кумановската болница доби донација амбулантно возило од фирмата “Балкан груп ДБ“

    24.04.2025 12:06 | KumanovoNews

    Фирмата “Балкан груп ДБ“ од Куманово донираше амбулантно возило на Кумановската болница, кое вреди 1 милион денари или 16.000 евра. На предавањето на возилото дојде и министерот за здравство Арбен Таравари.

    Кумановската болница доби донација амбулантно возило од фирмата “Балкан груп ДБ“

    „Општата болница Куманово има 4 вакви возила, ова ќе биде петто. Само од почетокот на годината имаше транспорт на 300 пациенти од Куманово за Скопје, а често се користат овие возила и да се пренесат пациентите до нивните домови. Се надевам дека ќе има повеќе општествено одговорни компании кои се подготвени да помагаат во јавно- здравствените установи“, кажа Таравари.

     

    Сопственикот на компанијата Давид Ивановски, вели дека мотивот за донирање на возилото е прво затоа што е роден во оваа болница, а потоа и поради тоа што неговата мајка повеќе од 30 години работи во неа.

     

    „Со овој чин сакам да ги поттикнам сите приватни компании во нашата држава, да помогнат кој колку може, бидејќи заедно градиме подобро општество“, изјави младиот бизнисмен Ивановски. 

     

     

    За донацијата се заблагодари директорот на болницата Сашо Стошевски, кој најави дека од сопствени средства оваа година ќе набават уште едно санитетско возило, но доколку Владата им донира, тогаш тие ќе ги пренасочат парите за други потреби. Во наредниот период ќе ги реновираат одделението за неврологија и психијатрија, како и кујната и пералната, се со цел да создадат подобри услови за пациентите од регионот. И тој ги повика општествено одговорните компании да го следат примерот на Ивановски.

     

    Таравари кажа дека Владата планира да набави 100 модерни амбулантни возила, кои ќе се распределат по болниците, меѓу кои и оние со механичка вентилација кои беа неопходни за транспортирање на пациентите по пожарот во Кочани.  Тој очекува процедура да започне до крајот на годината. Последната набавка на санитетски возила од Министерството за здравство била во 2014 година.