×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Пуштена вода во фонтаната „Батко Ѓорѓија“

    16.07.2024 15:24 | KumanovoNews

    Пуштена е водата во фонтаната „Батко Ѓорѓија“ на Градскиот плоштад во Куманово, откако Кумановоњуз минатат недела пишуваше дека на средината на летото уште е сува.

    И граѓаните на социјалните мержи реагираа дека надлежните треба да ја оспособат фонтаната во летниот перидо, заради освежување на плоштадот.

    По овие реакции изминатите денови биле отстранети дефектите од службите на ЈП „Водовод“.

    „Поправка на водоводни инсталации на фонтаната „Батко Ѓорѓија““, стои меѓу останатите дефекти и интервенции на водоводната мрежа за 16 јули на официјалната страница на ЈП „Водовод“ Куманово.

    Градските фонтани имаат дефекти на електричната инсталација, која може да предизвика проблем ако некој се капе во неа. Минатото лето кога ја пуштија фонтаната „Батко Ѓорѓија“, истиот ден деца влегоа во водата, а во текот на ноќта беше уништена целата инсталација. 

    Граѓаните бараат надлежните да поведат ред и да ги санкционираат несовесни граѓани, кои го уништуваат јавното добро во градот.

    До пред десетина години за одржување и функционирање на фонтаните била задолжена приватна фирма, избрана на тендер. Од тогаш никој не знае да прецизира кој треба да поведе постапка, да ги отстрани евентуалните недостатоци и дефекти, да ги исчисти и стави во функција украсните фонтани.

    Не успеавме да добиеме одговор по чиј налог фонтаната е ставена во функција.

    Пуштена вода во фонтаната „Батко Ѓорѓија“