Го оставил детето да питачи пред маркет, доби кривична пријава
10.05.2025 10:22
| KumanovoNews
Кумановец, татко на 11-годишно дете заработи кривична пријава, затоа што го запуштил своето дете и дозволол да питачи.

„СВР Куманово поднесе кривична пријава против А.М.(37) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело запуштање и малтретирање на дете. На 20. март годинава, пријавениот го оставил своето 11-годишно дете да питачи пред маркет во Куманово“, соопшти полицијата.