Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Горан Јовановиќ е назначен за в.д. директор на средното училиште „Киро Бурназ“ во Куманово. Тој е дипломиран професор по хемија, во институцијата работи 32 години, а во одреден период од кариерата ја извршувал функцијата директор.
Тој е дипломиран професор по хемија, во институцијата работи 32 години, а во одреден период од кариерата ја извршувал функцијата директор.
„Добро ми е познат менаџерскиот дел од работата, продолжуваме да работиме и функционираме како и до сега. Ќе се трудам да одржуваме чекор со новото време, што значи воведување на нови струки и профили во формалното образование. Но, посебно ќе се посветам на неформалното образование за возрасни, што значи организирање на настава, курсеви за валидација на веќе стекнати знаења, преквалификација во барани занимања. Голем дел од возрасните имаат знаење и вештини во одредена област, но со сертификати ќе можат да станат поконкурентни на пазарот на труд“, истакна Јовановиќ.
„Киро Бурназ“ е државно средно училиште, а има квалификација на регионален центар, еден од 7- те во државата. Во рамките на училиштето функционира и интернат за ученици кои не живеат во Куманово.
Доаѓа на местото на Весна Трајковска.