×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Горно Којнаре ќе добие уште 500 метри фекална канализација

    19.07.2024 08:25 | Оливера Пешевска

    Во тек е изградба на мрежа за фекална канализација во должина од 476 метри во селото Горно Којнаре. Се работи за проширување на мрежата на која ќе се приклучат преостантите објекти, кои досега немале канал.

    Горно Којнаре ќе добие уште 500 метри фекална канализација

    Иако поголем дел од селото е приклучен на водоводна и фекална канализација, постои околу 40 посто од домаќинствата кои се уште немаат канал во домовите.

    „Во Горно Којнаре веќе одамна се приклучени околу 60 посто од домаќинствата, а со сегашново проширување ова мрежа ќе биде достапна и за преостантите куќи. По слободна процена ќе можат да се приклучат нешто повеќе од 30 проценти од вкупниот број живеалишта, што значи дека селото во голем дел ќе биде потполно урбанизирано“, изјави советникот Саша Николиќ, од ДПСМ.

    Проектот е од развојната комунална програма на Општина Куманово со вкупна вредност од 2,5 милиони денари, односно 40 илјади евра, а изведувач на работите е „КОП- ИНЖЕНЕРИНГ ДООЕЛ“ од Скопје. Договорот е постигнат преку поедноставена отворена постапка, по пат на електронска аукција, а треба да биде завршен за 35 работни дена.  

    Николиќ вели дека поради поволните услови за живот Горно Којнаре важи за село од кое има најмалку иселувања и миграција на младите.

    „Многу одамна е воведена струја, вода, канал, редовни автобуски линии па голем дел од младите останаа во селото, иако работат во Куманово. Имаме мал број на иселени семејства, но егзистенцијалните проблеми натераа дел од младите да заминат во странство. Речиси и не постои локална миграција, односно отселување во градот. Со современата патна инфраструктура, преку автопатот за 10- тина минути се стигнува во Куманово, па нема причина да се напушта комфорот за да се живее во бетон и асфалт. Посебно во вакви временски прилики, како што имаме деновиве“, објаснува Николиќ.

    Само за илустрација тој нагласува дека во последно време се купуваат земјишта и плацови на стари и напуштени објекти од лица кои немаат семејни врски во селото.