Граѓаните можат да пријават нерегуларности во здравствените установи
Граѓаните можат да пријават нерегуларности во здравствените установи на официјалната страница на Министерството за здравство.

Досега стигнале деведесет пријави за нерегуларности во здравствените установи во земјата. Од нив 60 се процесирани, а само две се информации кои имаат индиции, за кои ќе се разговара со институциите. Пријавите стигнуваат преку алатката за пријавување на неправилности.
„Од 90-те пријавени, најголем дел се од Скопје, има и по 1-2 од другите градови. Има поплаки и за здравствениот и за приватниот сектор. Тоа не се индикации за финансиска злоупотреба, туку за недоволно оптимизирање на услугите, односно за долго чекање. Злоупотреба на тој ред кој граѓаните сакаат да го имаат. Дошле на време за да добијат некоја услуга, а ја добиле после неколку часа. Сакам да потенцирам дека пријавите не остануваат во фиока. Секоја се разгледува посебно, со цел да има институционална реакција. Заврши времето кога се игнорираа здравствените проблеми“, рече министерот за здравство Азир Алиу.