×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • „Гуд стајлинг“ слави роденден - една деценија посветеност на модата

    14.06.2025 12:57 | KumanovoNews

    Бутикот „Гуд стајлиг“ слави 10 години постоење и успешна работа.

    „Гуд стајлинг“ слави роденден - една деценија посветеност на модата

    Квалитетот, цените и врвната услуга се само дел од приоритетите кои ги водеа сопствениците во создавањето на оваа успешна приказна. 

    „Она што не одржа, и покрај сите предизвици со кои се соочивме, е довербата на нашите клиенти. Таа доверба не дојде случајно, ја градевме трпеливо со голема посветеност, работа и квалитет. Со годините и врската стануваше се посилна, и со гордост можеме да кажеме дека сме среќни што сме избор на голем број на наши сограѓани за стајлингот. Нивното задоволсто е наш мотив да продолжиме понатаму, уште посилно во реализација на нашите планови“, вели сопственикот Даниел Лазаревски Петровски.

    Од почетокот на месецот е отворен уште еден продажен салон на „Гуд стајлинг“, на ул. Гоце Делчев бр.70, во партнерство со ЛПД – профешнал (LPD - Peofessional), каде може да се најде козметика за педикир, за козметички салони и за домашна употреба. 

    „Продолжуваме уште посилно и поведро, настојуваме да се прилагодиме на новите потреби и трендови на нашите сограѓани. Им благодариме за досегашната доверба, и ги повикуваме заедно да ја продолжиме приказната“, додава Лазаревски Петровски.

    Големиот јубилеј ќе се прослави со голем број на роденденски изненадувања и попусти за потрошувачите. Со купување на еден производ ќе се добијат попусти за другиот, а ќе има и други специјални намалувања.

    Приказната на бутикот „Гуд Стајлинг“  започна пред 10 години во просториите на поранешен маркет „Туш“,  и по само пет години од мал семеен бизнис прерасна во бренд, кој полека но сигурно се етаблира на пазарот на модата.  Тие се уште еден пример дека со многу труд, љубов и посветеност сништата можат да станат реалност.  

    Бутикот „Гуд стајлинг“, се наоѓа на приземјето во Занаетчискиот дом во Куманово.

    (ПР Текст)