×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Изложба на фотографии и документи за кумановските партизани во Уметничката галерија

    10.11.2024 15:24 | Оливера Пешевска

    Фотографии и документи од најистакнатите партизани кои се бореле против фашистичкиот окупатор во Втората светска војна, се најдоа на изложбата „НОБ во Куманово 1941- 1944“, која синоќа беше отворена во Уметничата галерија во Куманово.

     

    Изложба на фотографии и документи за кумановските партизани во Уметничката галерија

    Изложбата ја организира Музеј Куманово, како потсетување на едно време кога борците и активисти од градот се вклучиле во борбените дејствија, и притоа не ги жалеле своите животи, само заради ослободувањето на Куманово и создавање на македонската држава. 

    Изложбата е посветена на Панче Пешев, Перо Наков, Благој Стефковски- Гојчо, Доне Божинов, Вера Трајковска Которка, Мара Нацева, Михајло Мургашански, Вера Јоциќ, сите борци од Козјачкиот и Карадачкиот одред, и борбениот пат на баталјонот „Јордан Николов Орце“ и „Трета македонска ударна бригада“.

    „Изложени се 12 програмски целини на кои се прикажани базирани историски факти, примарни историски извори и фотографии што се документарно сведоштво за клучните настани во тој период. Можат да се видат 118 фотографии, изворни документи и весници кои визулено и преку текст го прикажуваат тоа историско време, обезбедени од примарни историски факти, документи и фотографии од богатиот фонд на Националната установа Музеј Куманово, збирка која брои 1.300 експонати“,истакна авторката на изложбата советник историчар Марија Живачки.

    Изложбата е потсетување дека воспоставување на бугарска и окупаторска власт во Куманово се случило на 1 мај 1941 година. Борбите за ослободување на Куманово биле жестоки и се воделе од 1 до 11 ноември 1944 година, а на просторот дејствувала 17 Македонска ударна бригада.

    Посетителите ќе можат да ја видат изложбата во текот на месец ноември  на постојаната музејска поставка во Национална установа музеј Куманово.

    Изложбата „Народно ослободителна борба во Куманово 1941-1944“ е  под покровителство на Националната установа Музеј Куманово и Министерството за култура и туризам.