Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Изложбениот салон на Центарот за култура “Трајко Прокопиев “ – Куманово утре во 12.30 часот ќе биде отворена 32-та Меѓународна лесновска ликовна колонија .
Изложбата содржи триесеттина дела работени во повеќе ликовни техники.
На колонијата учествуваа 17 уметници, најмногу од нашата држава, но и уметници од Бугарија и Канада, кои насликаа 34 уметнички дела. Колонијата се одржа од 25 до 30. јуни минатата година. Учествуваа уметниците: Бисер Лапев, Васил Гаврилов, Бојан Тосевски , Христина Стојчевска , Јулија Манојловска, Десислава Лапева , Зоран Нанев , Ива Станковска , Иштар Бисерова Лапева , Мајк Клоус , Ѓоко Антониев , Маринела Миланова, Мики Иванов , Пирин Македонски , Трајан Трајковски и Филип Добривоевски .
Меѓународната лесновска ликовна колонија започнува да се организира во 1992 година. Организатор на колонијата е Дом на
култура “Злетовски рудар” – Пробиштип ,со финансиска подршка од Општина Пробиштип, a оваа година е избрана на Годишниот конкурс за финансирање проекти од национален интерес во културата 2024 год.
Изложбата ќе биде поставена до 05. март 2025 г.