×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • „Жените и фотографијата“ – традиционална изложба во чест на женскиот поглед кон уметноста

    07.03.2025 12:24 | Оливера Пешевска

    Во Изложбениот салон на Центарот за култура во Куманово синоќа беше отворена традиционалната изложба „Жените и фотографијата“, во организација на Фото клуб „Куманово“. Поставката ги претставува делата на истакнати фотографки од земјава, но и на млади авторки кои штотуку зачекоруваат во светот на уметничката фотографија.

    „Жените и фотографијата“ – традиционална изложба во чест на женскиот поглед кон уметноста

    Ова е 12. издание на изложбата, која се одржува по повод 8 Март – Меѓународниот ден на жената и важи за една од најзначајните национални манифестации во оваа област.

    „Жената отсекогаш била дел од фотографијата – како инспирација, модел, но и како уметник со способност да долови емоција, момент и порака. Нејзината суптилност, чувствителност и прецизност ја прават фотографијата моќен медиум за изразување“, истакна Неда Арсениевска, членка на клубот, во своето обраќање.

    Изборот на фотографии го направил стручен селектор, кој од пристигнатите 250 дела издвоил 80 најдобри. Две тематски целини доминираат во изложбата – жената и нејзините емоции, улоги и автентичност, како и слободата во интерпретацијата на светот преку објективот. Половина од избраните фотографии се дел од поставката, додека сите се вклучени во официјалниот каталог на изложбата.

    Настанот е дел од годишната програма на Општина Куманово, која за оваа изложба издвои 15.000 денари, а се реализира со поддршка на Центарот за култура.

    Изложбата ќе биде отворена во наредните 14 дена.