Калин Илиевски е новата ѕвезда на гимнастиката во Куманово (видео)
06.10.2021 05:43
| Сузана Николиќ
Малиот Калин Илиевски е новата надеж за гимнастиката во Куманово. На само 6 години и по две години тренирање тој го освои својот прв златен медал на Државното првенство во гимнастика, во категоријата помлади пионери.
Неговите тренери велат дека е извонредeн талент и му предвидуваат блескава кариера.
Тој планира да стане олимписки и светски шампион.
Омилена гимнастичка дисциплина му е вежбање на вратило.
Неговата палавост и темперамент му го трасираa патот кон успехот во светот на гимнастиката.
